Гигантот во онлајн трговија “Амазон” (Amazon) соопшти дека  ја затвора платформата во Кина од 18 јули, со образложение дека  американската компанија се фокусира на повеќе профитабилен бизнис, објави Ројтерс.

Оваа одлука открива до кој степен домашните конкуренти во Кина,  спречија ширење на  онлајн-маркетингот во оваа земја.  Според анкетата спроведена од i Research –  Global, Alibaba и JD.com контролирале 82 отсто од кинеските онлајн трговија минатата година.

Ние тесно соработуваме со нашите продавачи за да осигураме непречена транзиција и да продолжиме да ги обезбедуваме најдобрите можни услуги за потрошувачите. Продавачите кои сакаат да продолжат да продаваат преку Амазон надвор од Кина, можат да го направат тоа преку Amazon Global Selling, се вели во соопштението.

Повлекувањето на најголемата онлајн-трговска компанија во светот се одвива во услови на општо забавување на растот на е-трговијата во Кина. “Alibaba” го објави својот најмал раст на приходите во 2016 година во јануари.