Навионалната агенција за храна (НФА) на Албанија денес блокирала влез на пазарот на 48 тони продукти од неколку земји, меѓу кои и од Македонија. Станува збор за мерки кои се преземени согласно акцијата за безбедност на храната во земјата.

Продуктите се блокирани на граничните премини Морина и Драч.

Најмногу се блокирани продукти од Србија – 20,4 тони, а станува збор за овошни сокови кои не ги поминале законските норми за трајноста на производите.

НФА исто така блокираше 2,7 тони сол од Република Северна Македонија, зашто немало комплетна документација. Стоката е вратена во земјата на поетклото“, објави Албаниан њуз.

Интересно, но во пристаништето Драч е блокирана и сол од Германија и тоа 21 тон затоа што на производите немало датум на производство како и состав, односно дали станува збор за јодирана сол или не.