Северно морската нафта од типот „брент“ денеска достигна највисоко ниво во 2019 година, бидејќи надмина 72 долари за барел.

Нафтата  од типот „брент“ се зголеми ова утро за 28 центи или 0,39 отсто, на 72 долари, откако претходно  го достигна својот врв на 72,24 американски долари.

На згоилемување на цената на нафтата влијаеше и договорот помеѓу членовите и не членови на ОПЕК за намалување на производството на нафта на 1,2 милиони барели нафта дневно

Ројтерс наведува дека глобалната понуда е „под притисок“ поради санкциите на САД  против две членки на ОПЕК, Иран и Венецуела, што дополнително го ограничува снабдувањето на пазарите.

Извозот на сирова нафта од Иран во април падна на најниско дневно ниво оваа година, покаќаќе неодамна објавените податоци.