Синдикалците шокирани од одлуката недела неработен ден да важи дури од идната година. Од медиумите дознале дека измените се одлагаат, се чувствуваат изиграни затоа што до последниот состанок мислеле дека се во последна фаза од преговорите. Бараат итна средба со министерката Шахпаска.

За одложувањето испратија од кабинетот на вицепрмеиерот Битиќи. Од таму велат дека неработна недела е ералност, а тие што ќе работат ќе бидат екстра платени за тоа, но од 2022 година.

Тоа значи дека буџетите на фирмите ќе претрпат измени, а за да не дојде до краткорочни промени во бројот на вработените поради зголемување на овие надоместоци кај работодавачите, сепак треба да се даде простор за реорганизација и планирање со стартен период од новата календарска година, т.е. 2022. Владата мора да ги земе предвид сите општествени фактори, како фактот дека во оваа календарска година се уште се справуваме со последиците предизвикани од Ковид кризата, соопштија од кабинетот на Битиќи.

Регаираа и од ВМРО ДПМНЕ – џабе епските расправи за недела неработен ден, ова е уште едно фијаско на владата.