Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми пред претставници на иселениците во Малме, Шведска, ја презентираше Националната стратегија за соработка со дијаспората (2019-2023) и акцискиот план
Адеми, кој беше придружуван од директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов, информираше за важноста на националната стратегија за соработка со дијаспората, документ кој треба да претставува основа на институционално поврзување на државата и дијаспората.
„Националната стратегија за соработка со дијаспората и акцискиот план преку пауерпоинт-презентација беше претставена од кабинетскиот советник на министерот, Марио Михајлов. По презентацијата беше отворена дискусија и дебата со активно учество на присутните со различни коментари и прашања на кои одговорија министерот Адеми и директорот на агенцијата Шалваринов, соопшти Кабинетот на Адеми.
Министерот ги информираше иселениците и за претстојните претседателски избори и како тие ќе може да го користат своето право на глас.
Comments are closed for this post.