Денешниот ден 17 октомври во светски рамки е познат како ден за глобално делување во борбата против сиромаштијата, пишува Денар.мк.

Борците против сиромаштијата во Македонија сметаат дека оваа година која ќе се памети по пандемијата направи дополителни проблеми кај категориите граѓани кои месецот го поминуваат со минимални финансиски средства. Помошта од државата велат дека секако била добродојдена за нив, но ни приближно не може да се каже дека со добиените пари успеале да обезбедат подобри услови за достоинствен живот. Последните официјални податоци се дека во земјава речиси 22 отсто од граѓаните живеат во сиромаштија.

Податоците од терен на борците против сиромаштијата велат дека околу 25.000 семејства со над 80.000 членови едвај врзуваат крај со крај. Препораките на граѓанските организации години наназад се дека потребна е помош за фамилиите во социјален ризик. Пред пандемијата бројот на семејства кои барале помош од граѓанските организации не надминувал 300 на месечно ниво каде требало да се помогне на околу 1200 лица, денес бројот е над 1000 домаќинства со околу 3 500 членови. Од почетокот на март 2020 до ден денешен Банката за храна собрала  и поделила над 160 тони храна, помош стасала до над 4500 семејства или над 13000 граѓани во Македонија.

Целиот текст овде.