Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил напиша:

Додека Заев и СДСМ прават криминален бум, ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана кон економски и инфраструктурен бум.

Додека штабот за кризи на СДСМ создава лажни вести, штабот за проекти на ВМРО-ДПМНЕ се обврза на:

✅Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола;

✅Нов асфалт за сите регионални патишта во државата;

✅2 милијарди евра инвестиции во патишта;

✅Нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка;

✅Нов експресен пат од Битола до Грчка граница;

✅Нов експресен пат од Струмица до Бугарија;

И многу други проекти кои ќе донесат раст на градежништвото за 30%, што ќе значи 30% повеќе работа за компаниите, 30% повеќе приходи, повеќе пари, повеќе за секого.