Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати. Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и на странскиот пазар. Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата, велат од СДСМ.
Од опозицијата пак велат дека Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови. СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб. Три години земјоделците го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати. Три години нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.