Автопроизводителот Бугати одлучи на посебен начин да оддаде почит на својот легендарен модел ЕБ110 со серија од 10 по многу нешта посебни и многу скапи хиперспортски автомобили.
Бугати на изложбата на луксузни и спортски автомобили Пебл Бич во Калифорнија се појави со потполно нов хиперспортски автомобил. Бугати „Чентодиечи“ или 110 на италијански јазик, не само да одбележи 110 години од основањето на компанијата, туку и да оддаде чест на својот предок, славниот суперавтомобил од деведесетите, Бугати ЕБ110.
Како би се задржала ексклузивноста, Бугати ќе го ограничи производството на „Чентодиечи“ на само 10 примероци и тоа со почетна цена од 8 милиони евра, без данок, пренесеуваат автомљагазините.
В16 моторот произведува 1.600 коњски сили, а најголемата брзина е електронски ограничена на 380 км на час, што според мерилата на Бугати е малку.
Иако Бугати „Чентодиечи“ е прикажан во бела боја, според зборовите на директорот на компанијата, Стефан Винкелман, купувачите ќе може да го добијат овој убавец во боја по нивен избор.
Comments are closed for this post.