Секој втор Грк не може да си дозволи да оди на годишен одмор, односно 51 процент од населението не е во можност да одвои пари за да оди на одмор од шест дена или повеќе, објави Евростат.
Според статистиката, Грција не е најлоша земја во ЕУ – пред неа се Романија, каде 58,9 отсто од населението не може да оди на одмор, а потоа е Хрватска со 51,3 проценти.
На ниво на ЕУ тој процент изнесува 28,3, а шампионот е Шведска, единствената земја под десет проценти – само 9,7 проценти не можат да си дозволат годишен одмор. Потоа се Луксембург, Данска и Австрија кои се движат од 10 до 13 проценти.
Според Евростат, во Македонија тој процент е уште поголем – дури над 60 проценти немаат средства за годишен одмор.
Comments are closed for this post.