Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова денеска се појави во Кривичниот суд каде денеска се одржува рочиштето за случајот „Титаник“, а обвинението го застапува токму таа.
На новинарско прашање, дали е правилна процедурата обвинител да контактира со осомничен, како што тоа го направи Катица Јанева со Орце Камчев и на тој начин да го убедува да стане сведок во други истраги, Стефанова одговори дека не е експерт за криминал.
На прашањето дали ја изневериле јавноста, обвинителката одговори дека за се ќе мора да ја прашаме нејзината шефица во заминување Катица Јанева, пренесува ТВ 21.
Comments are closed for this post.