Во Албанија регистриран е прв смртен случај како последица на болеста „глувчја треска“. Оваа болест се одвива во неколку фази, а карактеристични симптоми се висока температура, силна главоболка и болка во предниот дел на стомакот.
Според Началникот на Инфективната клиника во Тирана, Најада Чомо станува збор за 32-годишен жител на Ерсек.
-Во нашата клиника годинава се хоспитализирани две лица заболени од ХВБС, односно „глувчја треска“. За жал еден од нив не успеа да ја победи болеста, потврди Чомо за тиранската телевизија Ора њуз.
Таа апелира на внимателност и правилно лекување и додава дека оваа вирусно-инфективна болест, ја предизвикува ханта вирус, а епидемијата се јавува циклично, а се пренесува преку воздух во кој испаруваат течностите на глодарите.
Затоа, посочува, ваква опасност ги демне само оние кои престојуваат во природа, како шумските работници, земјоделците, планинарите, но и оние кои ги чистат подрумите во кои има глодари.
–Симптомите од оваа болест се висока температура, црвенило на очите, главоболка,болки во мускулите, а понекогаш мачнина и повраќање. Кај потешките случаи може да се јави крварење на кожата и слузницата, но и напад на бубрези,објаснува Чомо и апелира до граѓаните да не го занемаруваат ни еден од овие симптоми.
Советува најголемо внимание да се обрне на хигиена на рацете по престој во природа, да не се јадат плодови од шума кои не се измиени.
Во Албанија за првпат „глувчја треска“ е регистрирана 1984 година
Comments are closed for this post.