Велика Британија, Франција и Германија објавија заедничко соопштение во кое ги повикаа Саудиска Арабија и Турција да спроведат кредибилна истрага околу исченатиот саудиски новинар Џамал Кашоги.
Мора да постои кредибилна истрага како би се утврдила вистината што навистина се случило. Да се идентификуваат оние кои се оговорни за исчезнувањето на новинарот и да се изведат пред правдата, се наведува во соопштението на министрите за надворешни на трите земји.
Трите земји порачаа дека исчезнувањето на Кашоги го сфатиле крајно сериозно.
The Latest: Germany, France and Britain are calling for a “credible investigation” to establish what happened to Saudi writer Jamal Khashoggi and seeking a “complete and detailed” Saudi response. https://t.co/1fKjTMFNGL
— The Associated Press (@AP) October 14, 2018
Ги поддржуваме заедничките саудиско-турски напори по ова прашање и очекуваме владата на Саудиска Арабија да даде детален одговор. Ја пренесовме оваа порака директно до саудиските власти, се наведува во соопштението.
Саудиска Арабија претходно порача дека нема да потклекне на заканите за економски санкции или политички притисоци, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „остра казна“ доколку се докаже дека Кашоги е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул.
Comments are closed for this post.