Главниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, објавија некои каталонски медиуми. Педесет и четиригодишниот фудбалски стручњак се сомнева дека ќе го продолжи договорот.
Иако Валверде е во добри односи со фудбалерите, тој не ја чувствува довербата на раководството на клубот.
Валверде ја предводи Барселона од 2017 година. Под негово водство Каталонците го освоиа шампионатот, Купот и Супер Купот на Шпанија.
Барселона сезонава по осум одиграни кола има 15 бода и е на втората позиција веднаш зад лидерот Севилја која има 16 бода.
Comments are closed for this post.