Каков меч во Полска. Киелце и Вардар се екипите кои можеби ќе ги видиме на завршниот турнир во Келн.

Два речиси изедначени по квалитет тимови кои се знаат во душа.Сигурно фановите на ракометот кога ќе ги слушнат имињата на Циндриќ и Душебајев се уште потскокнуваат иако сега играат во спротивниот табор.

Вардар лошто го започна мечот со 3-0 за домаќините но како што одминуваше полувремето полека фаќаше ритам.Во второто полувреме во 40 минута Килеце имаше четири гола предност по што Пародно се реши да побара тајмаут, но работите дефинитивно не одеа како што посакуваше.

Нападот на Вардар дефинитивно денеска немаше свој ден па со ударите го разбранија домашниот голман Цупара.

Но она што го одбележа овој меч  беа исклучувањата, најпрво на Борозан а потоа и на Душебаев, сосема заслужени.

Ова е прв пораз на Вардар во групната фаза на Лигата на шампионите, 31-27 но и натаму е лидер со реални шанси да заврши како првопласиран