Полициски службеници синоќа во 22 часот на клучката Миравци, запреле патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(35) од село Трубарево, скопско, кој превезувал мигранти.
По запирањето, возачот Д.Б. почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран, кои биле приведени во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесен соодветна кривична пријава.
Comments are closed for this post.