Грижата за земјоделците продолжува, исплатени  се 106 милиони денари за дополнителна субвенција за килограм предадени јаболка,  соопштуваат денеска  од СДСМ.

Во текот на вчерашниот ден, исплатени се 106 милиони денари кон 2.100 овоштари по основ на дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25ти декември 2018 година. Оваа интервентна мерка е донесена со цел да се покријат загубите на овоштарите заради проблемите што се јавија при откупот на јаболка во реколтата 2018, како и и да се ублажат последиците од временските непогоди во изминатиот период. Распределбата на картичките тече непречено и секојдневно, а досега поделени се околу 34 илјади картички, со вкупна расположлива сума од околу 88,5 милиони денари, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ со праќање на вакви празни соопштенија само продолжува да ја потценува маката и трудот на земјоделците.

СДСМ и Зоран Заев се вистинска катастрофа во земјоделието. Скоро три години им требаше на СДСМ за да исплатат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Колку години ќе им треба на СДСМ и Зоран Заев за да разберат дека треба да ги решаваат проблемите на земјоделците, а не да се фалат со ваква популистичка работа? За тоа колку е катастрофа во земјоделието говори и фактот дека земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа.Власта на СДСМ е научена само да ги потценува и омаловажува граѓаните.СДСМ најдобро што може да сработи е да спроведат некој криминален тендер со милионски суми на провизии, рекетирање на бизнисмени, закани и уцени, велат од ВМРО ДПМНЕ.