За два дена истекува 30 дневниот притвор кој судот им го изрече на популарниот Боки Тредичи и неговиот партнер Зоран Милески Кичеец, а Кацарска обвинителството и Зоран Заев се обидуваат да ја лажат целокупната домашна и меѓународна јавност дека тие двајцата се сами во целата политичко-обвинителска рекетарска афера, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Четири недели не се проширува истрагата, иако сите слушнавме како Зоран Заев бил информиран за се и како ја менаџирал работата, а Катица Јанева како порачува да нема секирации бидејќи ќе биде се во ред. Епа господа ништо не е во ред. Ова е премногу срамно и понижувачки дури и кога доаѓа од Зоран Заев и Вилма Рускоска“, рече на прес-конференција генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.
Тој потенцираше дека додека се форматираат и бришат телефони и компијутери, а Русковска одмара заедно со Јанева, истрагата за милионските рекети ја водат медиумите и јавноста.
Медиумите вчера објавија уште еден фрапантен податок, а тоа е дека Зоран Милески Кичеец бил заштитен сведок во случајот Империја. Јавно прашуваме дали е ова точно? Дали на човекот кој е осомничен за рекет, од страна на СЈО му бил доделен статус на заштитен сведок? Доколку е така, тоа е потврда на бесрамниот мафијашки пристап на оваа власт која бескрупулозно ги злоупотребува институциите за лично богатење и вршење на политички притисоци и уцени на сите кои мислат поинаку од Зоран Заев“, вели Јанушев.
Тој порача доколку Русковска во најбрз можен рок не побара притвор за Јанева, ќе биде директно одговорна дека ја остава Јанева да влијае на сведоци и уништува докази.
Дополнително се отвора опасност истата да го повтори делото или да избега. Потребна е реакција веднаш. ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да собере храброст и да не ја турка повеќе државата кон безизлез, да си даде оставка и Собранието да се самораспушти. Дополнително бараме ЈО кое ќе биде финансиско независно и отпорно на политички влијанија и уцени“, порача Јанушев.
Comments are closed for this post.