Претседателот Стево Пендаровски во обраќање пред јавноста во врска со случајот „Рекет“ истакна дека сме сведоци на една огромна криминална афера што ги тресе институциите.

Пендаровски истакна дека е разочаран што надлежните заминале на одмор како да се работи за нормална состојба.

Тој побара од институциите завршување на истрага и подигнување обвиненија, но и да се понесе политичка одговорност доколку постои.

Треба да биде помалку битно кој ги дистрбуирал материјалите и снимките, а да биде поважна содржината на истите – посочува претседателот.

Претседателот вели дека се вмешани луѓе од различни профили од бизнисмени до обвинители, но и дека никој не смее да биде над законот.

Според Пендаровски, СЈО, во рамките на редовното Обвинителство, треба да продолжи да ги гони криминалците и од претходната, но и од сегашната власт.