Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Јан Ерик Суротчак, новиот директор на ИРИ за трансатлантска стратегија и досегашен директор на ИРИ за Европа, соопшти партијата.
Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија по завршувањето на неуспешниот референдум од 30-ти септември. Граѓаните ги поддржуваат членството на Македонија во НАТО и ЕУ, но очигледно дека меѓу народот има голема недоверба кон политиките на Зоран Заев.
Ѓорчев додаде дека економските индикатори се влошуваат, заедно со политичкиот прогон и слободата на медиумите, како и општото назадување на Македонија во повеќе области.
Тој се заблагодари за долгогодишната соработка и помош од ИРИ за ВМРО-ДПМНЕ која трае веќе 25 години.
ВМРО-ДПМНЕ силно ќе продолжи да соработува со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и со Републиканската партија, како дел од стратешкото партнерство на Македонија со САД.
Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги негува односите и соработката со НДИ и Демократската партија, затоа што политичките односи со САД ги надминуваат партиските рамки и се одржуваат без разлика кој е власт или опозиција во двете земји.
Токму владата на ВМРО-ДПМНЕ го иницираше и го потписа Договорот за стратешко партнерство на Македонија со САД во 2008 година, а истата посветеност ја споделуваме и денес, соопшти партијата.
Comments are closed for this post.