Со изведување на материјални докази денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности Титаник на Специјалното јавно обвинителство.
Предметот, продолжува по едномесечната судска ферија и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска, која беше спомната и во снимките за случајот „Рекет“, што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“.
Адвокатот Петар Василев, на почетокот на рочиштето побара, како што рече, со оглед на новонастанатата ситуација и оставката на СЈО Катица Јанева, да се одложи денешното рочиште.
Од страна на одбраната нема никаква намера за одложување со оглед дека се сите присутни, но сметам дека со оглед на новонастанатата ситуација е потребно да се одржи денешното рочиште и да се даде шанса на правдата и на случајот“, изјави Василевски.
Судијата Осман Шабани, рече дека нема никаква пречка за одржување на денешното рочиште, со оглед дека има јавен обвинител и оставката на Јанева е само депонирани, по што постапката продолжи со изведување на материјални докази.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени околу 4.600 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во Титаник обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање избкрна кампања.
Comments are closed for this post.