Северна Кореја во саботата истрела два проектили од краток дострел во водите на Јапонското море, извести армијата на Јужна Кореја.
Новинаската агенција Јонхап ја пренесе изјавата на началникот на армијата од Сеул во која тој рече дека проектилите биле лансирани од област во близина на североисточниот брег, без да прецизира за какви ракети станува збор или колку далеку летале.
Во изминатите неколку седмици Северна Кореја во неколку наврати лансираше серија тестирања со балистички ракети од краток дострел.
Севернокорејското тестирање се случува во време кога има застој во дипломатските разговори со САД, а претседателот, Доналд Трамп на повеќе пати имаше неуспешни преговори за нуклеарната програма на северот.
Северна Кореја неодамнешните лансирања на проектили ги опиша како тестирање на нов ракетен артилериски систем во кој се употребени балистички ракети со краток дострел, но пред ова, земјата тестирањата ги нарече „свечено предупредување“ кон Јужна Кореја заради нејзините планови за продолжување на заедничките воени вежби со САД.
Comments are closed for this post.