Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, предупреди дека Кина е вознемирена од тензичната ситуација помеѓу Индија и Пакистан. Министерот појасни оти неговата земја ќе инсистира Пакистан да има правичен третман во меѓународните односи.

Кина продолжува да го поддржува Пакистан во заштитата на неговите законски права и интереси и исто така ќе се залага за праведен однос кон Исламабад на меѓународната сцена – изјави Ванг на средбата со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши.

Куреши е во дипломатски мисија во Кина со оглед на влошената состојба на мирот и безбедноста во регионот, настаната по одлуката на Индија да им го одземе автономниот статус на сојузните држави Џаму и Кашмир.