Италијанска владејачка партија „Лига“ соопшти дека до Сенатот ќе испрати предлог за гласање недоверба на владата и дека се надева дека земјата наскоро ќе излезе на избори.

Оние кои губат време нанесуваат штета на државата државата“, неведува „Лига“ во соопштението.

Десничарската партија на заменик премиерот Матео Салвини синоќа објави дека коалицијата со антисистемското „Движње 5 ѕведзи“ се распадна и дека е неопходно што побрзо одлуката да се препушти на гласачите.


Парламентот на Италија во моментов е на летен одмор, останува единствено претседателот на Сенатот да свика седница.

Претседателот на Италија, Серџо Матарела е единствениот кој има ингеренции да го распушти парламентот и да распише избори.

Откако Матео Салвини најави дека повеќе нема да може да ја поддржува владата на Џузепе Конте, дојде до пад на берзата во Милано од 2,3 отсто