За само две три недели специјалната овинителка Катица Јанева излезе со две сосема спротивни изјави поврзани со случајот „Рекет“. Кога се појави аферата таа излезе на прес конференција и рече дека била злоупотребена од лицето Бојан Јовановски .
Но ова не значи дека некој стекнал право да ја злоупотребува мојата службена должност и овластување за евентуално да остварува привилегии и да презема незаконити дејствија-велеше Јанева на 22 јуни.
Денеска пак Специјалната обвинителка излезе со соопштение откако за прв пат и нејзиниот глас се слуша во објавените видеа од весникот „Ла верита“.
Таа вели дека како Специјален јавен обвинител имала обврска да контактирa со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство за да извлече што поголем број на инфорамции.
Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина-истакнува Јанева денеска.
Comments are closed for this post.