Стотици поддржувачи на движењето „Демократски сојуз на фудбалските момци“ маршираа денеска во центарот на Лондон, при што некои од нив започнале да ги туркаат полицајците кои го следеле маршот, објави агенцијата АП.
Полицијата била распоредена на плоштадот Трафалгар, за да ги одврати „фудбалските момци“ од контра-демонстрантите, од кои некои извикувале „Нацистичка багро, тргнете се од улицата“.
На веб-сајтот на десничарското движење се вели дека целта на маршот бил протест против исламските екстремисти кои се враќаат од Сирија, мигрантите кои доаѓаат во Британија и малтретирањето на британските ветерани.
Полицијата го ограничи маршот за да го намали ризикот од инциденти.
Comments are closed for this post.