Кандидатот на Демократската партија за номинација за претседател на САД и поранешен потпретседател, Џо Бајден го обвини денеска претседателот Доналд Трамп дека, како што рече, ја „потикнува белата надмоќ“ која се наведува како главна причина за неколкуте масовни пукања во САД, пренесува Ројтерс.
Бајден, зборуваше на состанокот за поддршка во номинацијата во Ајова по масовните убиства изминатиот викенд во САД.
„Колку се далеку Трамповите изјави за инвазијата од објавите за убиецот од Ел Пасо дека неговиот напад е одговор на латиноамериканската инвазија на Тексас? Не се воопшто далеку, изјави Бајден.
Помошниците на Трамп ја отфрлија можноста дека неговата реторика е причина за пукањето.
Бајден е еден од 24 кандидати кои се борат за претседателската номинација, а Ајова е меѓу првите држави кои ќе гласаат на изборот на демократски кандидат.
Comments are closed for this post.