Општина Гостивар го доби спорот за одземените ингереции, градоначалникот Арбен Тараври бара оставка од Министерот за образование, Аебер Адеми.
Таравари својот профил на Фејсбук соопшти дека Управниот суд донел одлука во корист на општината и прифатена е тужбата против одземањето на ингеренциите да се назначуваат директори во училиштата од страна на Министерството за образование предводено од министерот Адеми. Таравари побара од Адеми да му се извини на цел Гостивар.
Таравари му се обраќа на министерот Адеми зајадливо, по аферата со стекнатото звање за време додека министерува.
„Почитуван “доценте”, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години! Правдата излезе на виделина!“, пишува Таравари.
Во одлуката на Управниот суд се вели дека е прифатена тужбата на општина Гостивар против решението на министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Во официјалната одлука понатаму се вели дека одлуката на министерот Адеми е поништена.
„Според управниот суд, министерот за„ надлежности “ и „ доктор на правни науки “нема право да презема надлежности во образованието во општина Гостивар“, напишаТаравари.
Comments are closed for this post.