Трите денари субвенција за предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи, на земјоделците ќе им овозможат рентабилно производство и услови за откуп на целата количина произведени јаболка, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тој заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска во Ресен имаа средба со производителите на јаболка од преспанскиот регион.
Условот за добивање на оваа субвенција, како што појасни ресорниот министер, е родот да е предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од пет денари за килограм.
Директорот на Платежната агенција Бабовски ги повика овоштарите да ја подготвуват документацијата за новиот повик за ИПАРД 2 Програмата што ќе им помогне во инвестициите во делот на реконструкција на овошните насади, промена на асортиментот како и набавка на заштитни мрежи.
Comments are closed for this post.