Најмалку дваесет луѓе загинаа, а над 50 се ранети во експлозија пред египетскиот Национален институт за канцер во центарот на Каиро.
До експлозијата дошло кога автомобил кој возел во спротивен правец се судрил со три автомобили, соопштуваат од министерството за внатрешни, пренесува Ројтерс.
Nineteen dead in Cairo car explosion, officials say. More here: https://t.co/pNKJABrZSi pic.twitter.com/owlDTpZpZo
— Reuters Top News (@Reuters) August 5, 2019
За нападот властите ја обинуваат екстремистичката група позната по името Хасм, поврзана со забранетото Муслиманско братство и наведуваат дека автомобилот-бомба требало да изведе напад на некое друго место.
Експлозијата предизвикала пожар во болницата, што предизвикало над 50 пациенти да бидат евакуирани. Пожарот, малку подоцна, бил изгаснат.
Претседателот на Египет Абдел Фатах ел Сиси нападот го нарече „терористички инцидент“ и вети „искоренување на тероризмот“.
Станува збор за најсмртоносен напад во Каиро откако во декември 2016 во капела покрај најголемата коптска црква беа убиени 30 луѓе за време на неделна миса. За тој бомбашки напад одговорноста ја презема египетскиот огранок на Исламска држава.
17 people have died and 32 have been injured in an explosion outside #Egypt‘s National Cancer Institute in central #Cairo, Egypt’s health ministry said early on Monday.
Photo Credit: @Youm7 #EgyptToday | #معهد_الاورام #المنيل pic.twitter.com/T2il89xM76
— Egypt Today Magazine (@EgyptTodayMag) August 5, 2019
Comments are closed for this post.