Антикорупциската комисија денеска донесе одлука да отвори случај за два предмети.

Првиот е за  инсталација на АТМ ситстемот за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Антикорупциска минатиот месец обелодени дека ќе побара од  М-НАВ и Владата да и ги достават сите документи поврзани со спорниот тендер за набавка на радарскиот систем.

Вториот случај е поврзан со советникот во општина Охрид, Усеини. ДКСК ќе испитува на кој начин тој ја изградил пицеријата-дивоградба и каква е улогата на надлежните служби во Општината.