Невозможна и неприфатлива е иницијативата на претседателот на Црна Гора за формирање „православна црква на Црна Гора“, која би требало да ги отвори вратите кон сите верници, смета поглаварот на непризнаената Црногорската правослвна црква Мираш Михаил Дедиќ.
Како што пренесува државната телевизија на Црна Гора, Мираш порачал дека „пред олтарот на таква црква Црногорците нема да клекнат“ и наведе дека на таквото решение се противи и Српската православна црква.
Мило Ѓукановиќ неодамна изјави дека формирањето на православна црква на Црна Гора без националниот предзнак би ставило точка на поделеноста меѓу православните верници во таа земја.
Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие тогаш порача, коментирајќи ја изјавата, дека во Црна Гора постои тенденција луѓето „кои не знаат што е црква, ниту веруваат во Бога, ниту се крстени да создаваат свои цркви“.
Comments are closed for this post.