Изгаснат е пожарот во познатата „Папагал-зграда“ во Скопје кој избил вечерва после 20 часот. Четири возила со десетина пожарникари сè уште се на терен и го расчистуваат теренот.
Според жителите на зградата пожарот најверојатно бил предизвикан од плинска боца. Како што раскажуваат на пожарот му претходела силна експлозија, што ги вознемирило жителите и од околните згради.
Засега нема информација за повредени лица, но е причинета поголема материјална штета.
Comments are closed for this post.