„На Македонија не смее да ѝ се случи нов „ТАТ“ кој ќе остане неказнет, во кој ќе настрадаат ситните риби, а крупните ќе се спасат“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во својата последна колумна за Независен весник во која се осврнува на случајот „Рекет“.
„Ја правам оваа аналогија со „ТАТ“ затоа што аферата „Pекет“ го има истиот потенцијал како „ТАТ“, само во друга форма. Доколку „Рекет“ не се расчисти до крај и не одговараат сите вмешани, ќе стане правило кое со децении нанапред ќе ја јаде Македонија, државата ќе тоне во корупција и криминал, а граѓаните ќе се иселуваат и ќе ја напуштаат“, пишува Николоски.
Тој притоа појаснува и зошто ВМРО-ДПМНЕ иниситира на предвремени парламентарни и збори.
„Може да се донесе совршен закон за јавно обвинителство или за попис. Доколку продолжи овој политички притисок, за корупција и рекет нема да одговараат крупните риби, а пописот ќе стане бурлеска. Заев покажа дека е подготвен да злоупотребува институции, пред сè, Специјалното обвинителство за политичка пресметка, политичка уцена и рекет. Исто така, покажа дека е подготвен да коленичи пред Еди Рама и Али Ахмети само за да остане на власт. Тоа мора да запре! Тој знае дека на следните избори ќе изгуби и затоа бега од нив. Но, како што кажав, за да не стане “Рекет” нов „ТАТ“ во кој крупните риби ќе се спасат од одговорност, а Македонија ќе тоне во криминал и корупција, потребни ни се избори! Нив може да ги договориме на разговори со СДСМ околу датумот на нивното одржување или граѓаните да ги определат преку едни масовни протести во есенва која доаѓа. Изборот е на Заев!“, додава Николоски.
Comments are closed for this post.