Германсккото обвинителство покрена обвинение против шефот на Ауди, луксузниот оддел на Волксваген, заради мамење во врска со софтверите на дизел автомобилите кои прикажувале лажни податоци на тестовите за емисија на штетните гасови.
Обвинителите во Минхен го обвинија Руперт Штадлер и уште три лица чии имиња не се објавуваат. Тие три лица се обвинети дека за Ауди, Воклсваген и Порше моделите развиле мотори со софтвери кои на комисиите за емисија испуштале помалку штетни гасови, отколку при вистинско возење.
Штадлер е обвинет дека знаел за манипулацијата со автомобилите и покрај тоа продолжил да ги продава тие модели.
Германското обвинителство во мај парично ја казни компанијата „Роберт Бош“ која е обвинета дака испорачала милиони системи за контрола на моторите кои се инсталирани на автомобили од различни произведувачи, некои уште во 2008 година.
Според кажувањето на обвинителите софтверот на тие мотори „содржел дел од забранета стратегија“, што довело до тоа автомобилите да емитуваат повеќе азот оксид, атмосферски загадувач, отколку што е дозволено.
Скандалот со емисија на штетни гасови од дизел моторите го чинеше Фолксваген милјарди евра.
Comments are closed for this post.