Искачувајќи го планинскиот врв Спантик, на северот на Пакистан, кој е повисок од 7 илјади метри, Селена Каваја, десетгодишното пакистанско девојче постави нов рекорд.

Селена е најмладата личност во светот која успеала да го освои врвот познат како „Златен врв“, пренесува турската агенција Анадолија.

Пакистанската влада соопшти на својот Твитер профил дека Селена Каваја, позната и како планинската принцеза, го освоила врвот Спатник.


Со тоа стана најмладата планинарка на светот која успеала во тоа.

Во подвигот учествувала со својот татко Јусуф Каваја, кој е познат планинар.