Најновиот Извештај на Светската трговска организација каде се констатира огромен економски напредок, е уште една потврда за успешноста на реформите на СДСМ и Владата што ја предводи, рече на денешната прес-конференција Хари Локвенец од СДСМ.
„Пред само две години, во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто. Денес, преку успешните економски политики, растот на Брутодомашниот производ изнесува 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година. Денес, реалниот сектор е носител на економскиот раст. Компаниите растат и се развиваат, се зголемува нивната продуктивност и конкурентност на домашните и странските пазари. Бруто инвестициите, во првиот квартал растат за 9,9 процентни поени“, истакна Локвенец.
Тој додаде дека во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добиле поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплатила 40,7 милиони евра.
„Континуирано растат, плаитите. Просечната плата која во мај изнесува 25.270 денари, што е за 10,4 отсто поголема во споредба со истиот месец од 2017 година. Паралелно со растот на платите, бележиме пад на невработеноста на рекордни 17,8 отсто, а за само две години реализирани се 49.552 нови вработувања, доминатно во приватниот сектор. Но не застануваме тука. Во периодот пред нас следува инвестициски циклус од 5 милијарди евра“, потенцираше Локвенец.
Comments are closed for this post.