Во јавноста неодамна излезе извештајот на ЦИА за брачниот пар Милошевиќ. Американската разузнувачка  агенција ги сметала Мира и Слободан за многу интелегентни луѓе кои знаат да манипулираат со масите.

Според нашата проценка, основен мотив на Милошевиќ е силната желба за власт и контрола. Тој е многу љубезен и опуштен за време на состаноците во неговата канцеларија.Мајстор е за размислување и носење на одлуки под притисок-стои во извештајот.

Посебен дел во извештајот е посветен на Мира Марковиќ која според ЦИА имала големо влијание врз Слободан.

-Мира му е најблиска и во неа има најголема доверба. Таа е негов советник и често во колумни ги предвидува случувањата во политиката на сопругот-пишува ЦИА.