Град Скопје во континуитет продолжува со реализација на мерките што имаат за цел намалување на загадувањето и обезбедување чиста животна средина за сите.Во текот на вчерашниот ден и денеска, на територија на Град Скопје се одвива масовна акција за генерално чистење на градот, велат од СДСМ.
Во сите општини во Град Скопје се одвива масовно чистење при што се ангажирани целите технички и човечки потенцијали на Градот и јавните претпијатија под негова надлежност.Се чистат диви депонии, се метат и мијат сите градски и општински улици, се кастрат дрвја и грмушки, се пополнуваат ударни дупки по улиците. Паралелно со акцијата за чистење, се засилува и инспекцискиот надзор кој има за цел да стави крај на недозволеното одлагање смет на јавни површини. Во таа насока, вчера за прват во историјата на Град Скопје е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет.Град Скопје и сите надлежни институции остануваат посветени на реализација на мерките што обезбедуваат почист воздух и здрава животна средина за сите, затоа што тоа се основите за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните
Comments are closed for this post.