Правда во Македонија нема. Убиецот на Мартин Нешковски е на слобода, а луѓе лежат за обичен прекршок кога немаат пари да ја платат казната.Двајцата убијци од Арачиново се ослободени, за убиството на три деца, а на Зоран Заев му се заблагоруваат за ослободувањето.Власта не кажува кои се Кики и Фрики, а нема фирма која не е изрекетирана, набројуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ОЈО не поведува постапка против Драги Рашковски, иако има сомненија дека сторил милионски криминал, а новинари се викаат во станици и им се врши тортура.

Обелоденет е најголемиот рекетарски скандал, бизнисмени јавно говорат, изнудувани се милиони во период од неколку месеци, а Катица Јанева во чие име е вршен рекетот се шета на слобода.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој ја има запоседнато државата последниве три години.

Зоран Заев е гаранцијата за неказнивост на сите криминалци и мафијаши кои ги мачат граѓаните. Зоран Заев мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да живеат мирен живот.

Потребни се итни предвремени парламентарни избори, и ЈО кое ќе биде финансиски независно и ќе може да биде непристрасно.