Скопје ќе добие нови имиња на улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, а тие имиња ќе ги предлагаат скопјани почнувајќи од денеска преку анкета. За ова информираше синоќа скопскиот градоначалник Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
„Ве повикувам сите скопјани да дадете свои предлози и со тоа да дадете придонес во искажувањето благодарност на сите кои што дадоа придонес во изградбата на Скопје“, рече Шилегов.
Comments are closed for this post.