За 15 отсто е зголемен бројот на туристи во периодот јануари – август 2018 во однос на истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемен е и бројот на ноќевањата, за 16,1 процент.
Бројот на домашните туристи е со зголемување за 14,5, а кај странските за 15,3 отсто, додека бројот на ноќевањата кај домашните туристи пораснал за 14,8, а кај странските за 18 проценти, информира Статистика.
Бројот на туристите во август 2018 година бил 211.746, а на ноќевањата 881.806 што е повеќе од август лани за 12,2, односно за 15 проценти.
Comments are closed for this post.