Македонија е најевтината земја во Европа, додека Исланд е најскапа земја на „Стариот континент“, покажуваат најновите податоци на Евростат.

Цените во Исланд , лани  биле дури 56 отсто повисоки од европскиот просек. Втора на листата е Швајцарија , а трета Норвешка.

За споредба, пијалок во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7. Вечера за двајца пак е околу 85 евра, флаша вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца е 5 евра.

Сепак, просечната бруто плата на постојано вработени лица на Исланд е околу 4.500 евра. Станарината на помал стан во Рејкавик е 1300 евра месечно.

Кога е во прашање регионот, пак најскапа е Хрватска, каде водата е околу 2,5 евра.

Ова е листата на европски земји од најскапа кон најевтина.

1. Исланд

2. Швајцарија

3. Норвешка

4. Данска

5. Ирска

6. Луксембург

7. Финска

8. Шведска

9. Велика Британија

10. Холандија

11. Белгија

12. Франција

13. Австрија

14. Германија

15. Италија

16. Шпанија

17. Кипар

18. Португалија

19. Словенија

20. Грција

21. Малта

22. Естонија

23. Летонија

24. Чешка

25. Словачка

26. Хрватска

27. Литванија

28. Унгарија

29. Полска

30. Црна Гора

31. Србија

32. Албанија

33. Романија

34. Босна и Херцеговина

35. Бугарија

36. Северна Македонија

37. Турција.