Повеќе од 800 пожарникари се борат со пожарот кој се прошири од централна Португалија, откако успеаја да стават под контрола два други пожари. При гасењето на огнените стихии, заради кои морало да се евакуира делумно и едно село, се повредени 20 лица, од кои едно е во тешка состојба.

Полицјата повела истрага и додава дека е сомнително што сите пожари избувнале во период меѓу 15.30 и 16.30 часот во саботата и тоа околу исто подрачје.

Силните ветрови ја отежнуваат операцијата на гасење на огнената стихија, иако се тврди дека под контрола се ставени 60 проценти од огнот кој се појави вчењра во округот Каштело Бранко, 225 километри југоисточно од Лисабон.

На терен во гасењето на поќарот се 14 авиони и 251 пожарникарско возило, 4 булдожери, како и 20 војници.