Јапонците денеска бираат претставници на Горниот дом на Парламентот. Според очекувањата, владејачкиот блок на премиерот Шинзо Абе ќе извојува победа и ќе го зајакне мнозинството. Изборите се за избор на 124 места во Горниот дом, кој е помалку влијателен од двата дома, затоа што не го избира премиерот директно.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Либерално-демократската партија на Абе би можела да го задржи мнозинството бидејќи гласачите главно сметаат дека тој е посигурен избор од опозицијата. Абе се надева дека заедно со сојузниците ќе успее да освои двотретинско мнозинство, кое е неопходно за процесот на ревизија на јапонскиот пацифистички Устав, односно Членот 9, кој би и дал поголем легитимитет на војската.
Овој член не е менуван од стапувањето во сила во 1947 година и неговата промена ќе претставува голем симболичен пресврт од повоениот пацифизам.
Според анкетите, мислењата на гласачатите се поделени околу менувањето на Уставот.
Comments are closed for this post.