По оставката на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај реагираше лидерот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша.
Баша одлуката на Харадинај ја смета за „чин на човек кој ја ставил својата татковина над се“.
На Твитер напиша дека „никој и ништо не може да ја осквернави возвишената жртва на семејството Харадинај на олтарот на слободата“.
-Оставката на премиерот Рамуш Харадинај е чин на човек кој ја става татковината над се. Рамуш секогаш беше во служба на Косово, во најдобри, но и во лоши денови. Рамуш Харадинај е Косово, слободно Косово, независно Косово, европско Косово. Никој и ништо не може да ја оцрни косовската ослободителна војска и возвишената жртва на семејството Харадинај на олтарот на слободата, напиша Баша.
Во врска со оставката на Харадинај реагираше и поранешниот албански претседател, екс премиер и почесен претседател на Демократската партија,Сали Бериша. Според него, овој потег претставува достинствен државнички чин.
– Во овој случај, ја искажувам мојата огромна почит за делото и вистинскиот машки чекор на Рамуш Харадинај и силно верувам во меѓународната правда, која досега двапати го прогласи за невин, напиша меѓу другото Бериша.
За поранешниот шеф на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, Харадинај претставува „пример на државник за кого Косово секогаш е над се“
Comments are closed for this post.