Изборниот систем одамна е зрел за коренити реформи. Само најголемите политички партии го одредуваат обемот на реформите во земјата, додека јавноста, граѓанското општество, експертската заедница и помалите политички партии се оставени на маргините.
Кои се клучните препораки на ЦИВИЛ за реформи во изборниот систем? Како се злоупотребуваат помалите етнички заедници и ранливите категории граѓанки и граѓани во изборните процеси? Дали, како и во која временска рамка треба да се промени изборниот модел? Дали Северна Македонија има потреба од предвремени избори? Што (не) треба да се случи со Изборниот законик, Избирачкиот список, финансирањето на политичките кампањи?…
Ова се само дел од прашањата на кои ЦИВИЛ континуирано споделува со јавноста резултати од мониторингот, како и анализи и препораки за подобрување и демократизирање на изборните процеси.
Во пресрет на средбата на лидерите на најголемите политички партии, ЦИВИЛ уште еднаш ќе сподели со јавноста дел од клучните анализи и препораки за изборните процеси и реформите во оваа сфера и ќе се потруди да даде релевантен одговор на сите прашања од медиумите.
Comments are closed for this post.