Лидерката на ЦДУ Анегрет Крамп-Каренбауер, позната под акронимот АКК (56) е новата министерка за одбрана, објавија германските медиуми.
Според Билд, синоќа по 21 часот, по изборот на Урсула фон Дер Лајен за претседател на Европската комисија, доскорешната министерка за одбрана на Германија, имала телефонска конференција со врвот на ЦДУ при што била донесена одлуката за АКК.
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ истакнува дека за прв пат во историјата се случува лидер на партија, сега тоа е ЦДУ, да биде и министер за одбрана. Од друга страна, постои и можноста некој кој го водел ресорот одбрана да стане и федерален канцелар. Секако тоа би била госпоѓа Крамп-Каренбауер. Претходно тоа се случило со Хелмут Шмид.
„ФАЗ“ забележува дека за разлика од Шмит, АКК нема воена обука, на што вече реагирале од СПД.
Comments are closed for this post.