Новиот грчки премиер, Кирјакос Мицотакис и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, ја договариле агендата за разговорите што Дендијас треба да ги води на претстојната посета и средбите во САД, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштиле од кабинетот на Мицотакис, Дендиас денес заминува за САД и ќе има средби со неговиот американски колега, Мајк Помпео, со советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон и со претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Нанси Пелоси, „со цел да се прошират стратешките односи Грција-САД”.
Во однос на вчерашниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, на средбата Мицотакис-Дендиас било оценето дека е „многу охрабрувачка едногласната и брза реакција на европските партнери во однос на турската провокација“.
Comments are closed for this post.