На денешната седница Владата на донесе одлука за одобрување средства од Буџетот за 2019 година во висина од 9 милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Со оваа одлука, согласно препораките од Планот за чист воздух и од Програмата за намалување на аерозагадувањето на Владата, ќе се замени системот за затоплување на домот за кој сега се користи мазут кој емитира повеќе од 28 килограми PM2.5 и исто толку PM10 годишно.
Со оваа одлука, како што соопшти Владата, студентскиот дом ќе биде претплатен на системот за централно греење во Град Скопје. Трошоците за греење ќе останат слични, додека загадувањето за загревање на студентскиот дом ќе се намали за седум пати.
Comments are closed for this post.